• четврток, 05 март 2026

Кокаин пронајден кај две лица од гостиварско село

Кокаин пронајден кај две лица од гостиварско село

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Две лица во Гостивар биле лишени од слобода, откако кај нив денеска бил пронајден и одземен кокаин, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска во 1:20 часот на улицата „Беличица“, полициски службеници од ОВР - Гостивар ги лишија од слобода Н.А.и Џ.Ш., на возраст од 45 и 39 години, двајцата од гостиварско село, затоа што при преглед во возило во кое се превезувале, кај нив бил пронајден и одземен кокаин, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа, ќе следува соодветен поднесок. бд/дма/

Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан