• Saturday, 04 April 2026

Црногорскиот театар од Подгорица вечерва на програмата на Фестивалот „5РЕ“

Црногорскиот театар од Подгорица вечерва на програмата на Фестивалот „5РЕ“

Велес, 3 април 2026 (МИА) – Вечерва во 20 часот на големата сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, во рамките на програмата на 5 по ред Фестивал „5 РЕ“, ќе настапи Театарот при Центарот за истражување и политики од Подгорица Црна Гора со претставата „Другата страна“ во режија на Борис Лијешевиќ.

Инаку синоќа на Фестивалот „5 РЕ“ настапија актерите од Драмскиот театар од Скопје со претставата „Болва в уво“.

Фестивалот „5 РЕ“ посветен на големиот Петре Прличко, кој трае до 8 април, продолжува во сабота вечер со настап на актерите од Театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, соседна Србија, кои пред велешката публика ќе настапат со претставата „Не се клади на Англичани“ во режија на Богдан Јанковиќ.ад/вј/

Фото: МИА архива