Трибина со земјоделците од Дојран во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
- Во присуство на стручниот тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, дојранските земјоделци вечерва во селото Николиќ ги претставија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во повеќе земјоделски гранки, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“.
- Post By Роза Шулева
- 21:01, 3 April, 2026
Дојран, 3 април 2026 (МИА) - Во присуство на стручниот тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, дојранските земјоделци вечерва во селото Николиќ ги претставија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во повеќе земјоделски гранки, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“.
На прашањата од земјоделците одговараа Ромео Тренов, директор на Управата за водостопанство и Оливер Ивановски, директор на Државната фитосанитарна лабораторија, при МЗШВ. Присутните жители на Општина Дојран ги изнесоа проблемите што ги имаат со откупот на своето производство, побараа решавање на прашањето за наводнување на селото Николиќ, изнесоа проблеми во пчеларството, како и барање за формирање на подрачен институт за испитување на почвата.

Од страна на директорите на двата органи во склоп на ресорното Министерство кое е носител на кампањата, беа претставени мерките и програмите во земјоделството, а беше посочено и дека досега се исплатени над две милијарди денари субвенции за земјоделците.
Кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“ чија цел е остварување на директна комуникација со земјоделците и претставување на земјоделските мерки и политики, утре продолжува во Општина Битола. рш/нд/
Фото: МИА