• Saturday, 04 April 2026

Ново детско катче во Велес донација од Амбасадата на Народна Република Кина

Ново детско катче  во Велес донација од Амбасадата на Народна Република Кина

Велес, 3 април 2026 (МИА) – Амбасадорката на Народна Република Кина Џијанг Сјаојан денеска во Велес заедно со градоначалникот Марко Колев го посетија детското катче во близина на Автобуската станица, кое беше изградено со кинеска донација.  

Ова е прва ваква донација на Кинеската Амбасада во населените места во Македонија.

Колев заедно со претставници на општината и со пратеникот Игор Здравковски имале средба со амбасадорката Сјаојан во општината, на која дискутирале за продлабочување на соработката во областа на економијата, културата и туризмот.

-Воедно го посетивме и новото детско катче, кое го изградивме во близина на Автобуската станица со донација од Кинеската Амбасада. Овој проект е единствен од ваков вид на Амбасадата, со што уште еднаш ја покажуваат својата добронамерност кон нашиот град, потенцира Колев.

Воедно додава дека ваквите соработки се од особено значење за развој на Општина Велес во сите области. ад/ев/

Фото: Општина Велес

 

You May Also Like