• Saturday, 04 April 2026

Средба на македонскиот амбасадор Тупанчевски и генералниот секретар на МНР на Србија: Односите меѓу Белград и Скопје го достигнуваат своето највисоко историско ниво.

Средба на македонскиот амбасадор Тупанчевски и генералниот секретар на МНР на Србија: Односите меѓу Белград и Скопје го достигнуваат своето највисоко историско ниво.

Белград, 3 април 2026 (МИА) -  Македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски денеска оствари средба со генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Србија, Душан Козарев при што беше оценето дека односите меѓу Белград и Скопје го достигнуваат своето највисоко историско ниво.

Тие истакнаа дека оваа година се одбележуваат две значајни годишнини: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и 80 години од населувањето на Македонци во Војводина

Акцентот во разговорот беше ставен на постигнатото интензивирање на економската и културната соработка, како и на зајакнување на врските во областите на инфраструктурата и енергетиката. Беше оценето дека неодамнешното отворање на Конзулатот на Северна Македонија во Панчево е важен елемент во зајакнувањето на севкупните односи.

Козарев рече дека Србија останува цврсто посветена на духот и целите на иницијативата „Отворен Балкан“, нагласувајќи дека таа претставува еден вид „мини Шенген“ на патот кон целосно пристапување кон Шенген зоната. Соговорниците се согласија дека нашите две земји во регионот се најблиску до ова, бидејќи најмногу напреднале во процесот на меѓусебна интеграција, како и во укинувањето на сите контроли и ограничувања.

Важна тема на разговор беше и европската интеграција. Беше истакната меѓусебна поддршка за европскиот пат, заедно со подготвеност за понатамошна размена на искуства и продлабочување на соработката во оваа област. зш/нд/

Фото: МНР Србија