Крак на улицата „Маршал Тито“ во Кочани од следната недела ќе биде со двонасочен сообраќај
- Сообраќајот на еден крак од улицата „Маршал Тито“ во Коачни од понеделник 6 април ќе биде двонасочен за што ќе се постави соодветна сигнализација. Промената на режимот на сообраќај од еднонасочен во двонасочен ќе биде на кракот од улицата „Маршал Тито“ што се спојува со улицата „Димитар Влахов“, информираат од локалната самоуправа.
Кочани, 3 април 2026 (МИА) - Сообраќајот на еден крак од улицата „Маршал Тито“ во Коачни од понеделник 6 април ќе биде двонасочен за што ќе се постави соодветна сигнализација. Промената на режимот на сообраќај од еднонасочен во двонасочен ќе биде на кракот од улицата „Маршал Тито“ што се спојува со улицата „Димитар Влахов“, информираат од локалната самоуправа.
-За таа цел, в понеделник, 6 април, ќе се поставува соодветната сообраќајна сигнализација на овој уличен крак. Спроведувањето на промената на сообраќајниот режим ќе се реализира во соработка со полициски службеници на Полициското одделение за безбедност на соображајот на патиштата Кочани, најавуваат од Општината.
Заради безбедно и брзо завршување на работите, гиизвестуваат граѓаните да не ги паркираат возилата на кракот од улицата „Маршал Тито“. ис/вј/
Фото: МИА