ВМРО-ДПМНЕ: Им благодариме на СДС што предупредија дека Дака бизнис партнерот на Заев иако ги исполнил условите, влегол во планот на енергетски инвестиции, ќе направиме се да биде исфрлен
- Работа на Владата не е да проверува кој седи и каква е сопственоста на фирмата која аплицирала за инвестиции во енергетски објекти, туку дали ги исполнува условите и законските критериуми, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.
- Post By Фатиме Фазљији
- 20:18, 31 March, 2026
Скопје, 31 март 2026
Работа на Владата не е да проверува кој седи и каква е сопственоста на фирмата која аплицирала за инвестиции во енергетски објекти, туку дали ги исполнува условите и законските критериуми, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.
Им благодариме на СДС што не информираа дека фирмата која ги исполнува условите ХРОНОС СУМ е во сопственост на контрoверзниот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ-Дака, што е јасен показател во понатамошната постапка Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги искористи сите законски можности оваа фирма да не гради и инвестира во енергетски објекти. Причината за тоа е што Миодраг Давидовиќ-Дака е контроверзен бизнисмен вмешан во милионски сомнежи за криминал. Криминалната коалицијата СДС и ДУИ пак донесе ДУП од 200 милиони евра за офшор фирма од Панама, сопственост на контроверзен бизнисмен.
Од она што е негова историја се дознава дека Заев примал пари од Дaкa, а тој соработувал со Зоки Кичеец, и Драги Рашковски. Заев парите примени од Давидовиќ ги користел за инженеринг на референдумот за промена на името. За повеќе детали ќе слушнете на утрешната прес-конференција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ