• Wednesday, 01 April 2026

Работилница за современите начини на примена на вештачката интелигенција во образованието

Работилница за современите начини на примена на вештачката интелигенција во образованието

Штип, 1 април 2026 (МИА) - На Факултетот за образовни науки во Штип денеска ќе се одржи работилница на тема „Планирање час со Noticing: Како вештачката интелигенција им помага на наставниците да ги доразвијат сопствените идеи“.

Настанот е посветен на современите начини на примена на вештачката интелигенција во образованието, со акцент на унапредување на наставните практики и поттикнување на креативноста кај наставниците.

Работилницата ќе ја водат коавторите д-р Елена Ончевска-Агер од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и независниот истражувач д-р Метју Агер. Модератор на настанот ќе биде проф. Кирил Барбареев. бк/ев/

ФОТО: Архива 

You May Also Like