• Wednesday, 01 April 2026

Клиниката за гастроентерохепатологија ќе почне да изведува две нови медицински процедури

Клиниката за гастроентерохепатологија ќе почне да изведува две нови медицински процедури

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - На Клиниката за гастроентерохепатологија, во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ - Скопје, денеска ќе се одржи настан по повод почнувањето две нови медицински процедури: холангиоскопија и апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS).

Настанот ќе се одржи во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката. 

Како што информираат од Клиниката, почесен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, професор по гастроентерохепатологија и шеф на Гастроентеролошката клиника, Acibadem (Tokuda) Hospital, Софија. ац/ев/

Фото: МИА архива

You May Also Like