• Wednesday, 01 April 2026

Во Гевгелија трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“

Во Гевгелија трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Во Општина Гевгелија, вечерва, во 18 часот, ќе се одржи трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме –-македонско најдобро“.

Кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“ почна на 18 март од општина Босилово.

Како што најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, посетени ќе бидат над 30 општини и повеќе од 120 населени места.

Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици. фф/ев/

Фото: МИА Архива

You May Also Like