• вторник, 17 декември 2024

Јужна Кореја санкционира 11 физички и 15 правнилица поради врски со Русија и Северна Кореја

Јужна Кореја санкционира 11 физички и 15 правнилица поради врски со Русија и Северна Кореја

Сеул, 17 декември 2024 (МИА)  -  Јужна Кореја воведе санкции против 11 физички и 15 правнилица поради воената соработка со Русија и Северна Кореја и во врска со нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул.

Санкциите се воведени во врска со заедничката изјава на министерствата за надворешни работи на западните земји за воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја на 16 декември.
Властите во Сеул потврдија дека лицата и компаниите на списокот дале помош во финансирањето или снабдувањето со материјали за нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Санкциите ќе стапат на сила на 19 декември. зш/

Остани поврзан