• среда, 18 декември 2024

Во Холандија запленети околу 80 тони пиротехнички материјал

Во Холандија запленети околу 80 тони пиротехнички материјал

Хаг, 17 декември 2024 (МИА) – Приближно 80 тони пиротехнички материјал се конфискувани во Холандија пред новогодишните празници.

Само минатата недела биле запленети 8,3 тони огномети, а третата недела од ноември биле конфискувани 11 тони.

Холандија има релативно строгите прописи за огномет, а пиротехничките материјали се шверцуваат од Германија и Белгија.

Холандската полиција минатата година одзеде 79 тони пиротехнички материјали, а во 2022 г количините достигнаа 110 тони. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан