• среда, 18 декември 2024

Лин: ЕУ ја клевети Кина

Лин: ЕУ ја клевети Кина

Пекинг, 17 декември 2024 (МИА) – Европска Унија да престане да ја клевети Кина без никаква фактичка основа, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џианг.

Неговата изјава уследи по вчерашните санкции од ЕУ против неколку кинески компании кои испорачувале воена опрема на Русија за нејзината војна во Украина. ЕУ вчера на црната листа стави четири кинески компании за наводно снабдување со чувствителни компоненти и микропроцесори за дронови на руската воена индустрија.

- Пекинг ќе преземе неопходни мерки за одлучно да ги заштити легитимните права и интереси на кинеските компании, истакна Лин.

Еден поединец и два ентитети исто така беа санкционирани за наводно помагање на Москва да ги заобиколи западните санкции против Русија по нејзината инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Лин наведе дека санкциите се неоправдани според меѓународното право.

- Што се однесува до Украина, Кина секогаш правела се за да ги промовира мировните преговори и никогаш не доставувала оружје за страните вклучени во конфликтот, истакна Лин.

Брисел и претходно санкционираше кинеските компании, обвинувајќи ги дека ја поддржуваат руската војска, но вчерашните санкции се најтешки досега. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан