• среда, 18 декември 2024

Сирски: Русите сè пожестоко напаѓаат во Курск

Сирски: Русите сè пожестоко напаѓаат во Курск

 

Киев, 17 декември 2024 (МИА) - Москва ги интензивираше нападите на дел од територијата што ја држат Украинците во руската област Курск, изјави командантот на украинската армија, Олександр Сирски.

-Веќе трет ден непријателот врши интензивни напади во областа Курск, рече украинскиот генерал, додавајќи дека Русија „активно“ ги користи севернокорејските војници кои „имаа значителни загуби“.

Украинските власти вчера соопштија дека нивните војници убиле или раниле најмалку 30 севернокорејски војници кои Русија ги распоредила во Курск. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан