• сабота, 27 јули 2024

Ѓукановиќ ги започнува консултациите за мандатар

Ѓукановиќ ги започнува консултациите за мандатар
Подгорица, 25 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ќе ги започне консултациите за избор на мандатар за состав на новата влада, а на разговор прво биле поканети претставници на коалицијата Демократски фронт и Мирот е наша нација, пишува „Вијести“.
Весникот додава дека потоа се планирани разговори со претставници на малцинските партии.
По консултациите, претседателот на државата треба да го предложи за мандатар за состав на новата влада оној кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 41 пратеник во Собранието.
Кабинетот на Ѓукановиќ официјално не соопшти дека тој ќе започне разговори со претставници на парламентарните партии откако Кабинетот на премиерот Здравко Кривокапиќ не доби доверба во Собранието.
Партиите не потврдија дека добиле покана за консултации. паг/

Остани поврзан