• сабота, 23 ноември 2024

Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка

Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка

Вашингтон, 22 ноември 2024 (МИА) – Судија од судот во Менхетн во Њујорк денеска му дозволи на новоизбраниот претсетдател на САД, Доналд Трамп да побара отфрлање на кривичниот предмет против него за тајните исплати на пари на порно актерката Сторми Даниелс.

Окружното обвинителство на Менхетн пред три дена соопшти дека се согласува да се одложи изрекувањето пресуда за Трамп во случајот што се води против него поради тајни плаќања на Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна афера.

Обвинителството соопшти дека се одложува изрекувањето на пресудата за да им се даде време на обвинителите да го разгледаат очекуваниот предлог на Трамп за отфрлање на случајот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан