• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови ПВО

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови ПВО

Киев, 22 ноември 2024 (МИА) -  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина работи на развој на нови видови противоздушна одбрана за да се спротивстави на, како што наведе, „новите ризици“ откако Русија употреби нова ракета со среден дострел.

Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека потегот на Русија бара „сериозен одговор“ за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да го натера да ги почувствува „вистинските последици од неговите постапки“.

„Користењето на друга земја за тестирање ново оружје е очигледно кривично дело засновано на меѓународното право“, рече Зеленски зш/

Остани поврзан