Деловната активност во САД во ноември достигна највисоко ниво во изминатите 31 месец
Њујорк, 22 ноември 2024 (МИА) - Показател на деловната активност во САД достигна највисоко ниво во последните 31 месец во ноември. Порастот доаѓа во време на очекувањата на голем број корпоративни директори дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат своите клучни каматни стапки, со што кредитирањето ќе биде поевтино. Ова го посочуваат резултатите од клучната студија на консултантската компанија „Стандард и Пурс Глобал“, јавија американските емдиуми.
Друг фактор што го поттикнува оптимизмот на деловните претставници во САД е нивното очекување дека идната претседателска администрација на Доналд Трамп ќе спроведе политики поволни за нив. Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД во јануари следната година. зш/