• сабота, 23 ноември 2024

Француската амбасада со честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста

Француската амбасада со честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) - Честитка од Франција по повод 8 Септември - Денот на независноста.

- Амбасадорот учествуваше на свеченостите по повод 33-годишнината од независноста, со кои претседаваше Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Многу повеќе од обична прослава, овој ден го симболизира патот што го помина и предизвиците што ги надмина Северна Македонија во овие 33 години. Среќен Ден на независноста!, објави на својот Фејсбук профил француската амбасада во Скопје.

Постојното претставништво на Франција во НАТО, исто така, упати честитки по повод Денот на независтноста. 

- Среќен роденден на нашите сојузници во Северна Македонија, објави на платформата Х, постојното претставништво на Франција во НАТО, споделувајќи видео честитка од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО. аа/

Фото: Амбасада на Франција

Остани поврзан