• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јубилејна 50-та изведба на претставата „Разведи ме“ на Роберт Ристов

Јубилејна 50-та изведба на претставата „Разведи ме“ на Роберт Ристов

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Јубилејната 50-та изведба на претставата „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов вечер ќе биде изведена во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во претставата играат актерите Мирјана Ристов и Роберт Ристов, а во видеата, кои се дел од дејствието учество земаа: Зорица Панчиќ, Благоја Чоревски – Чоре и гостинот од Бања Лука - Љубомир Свановиќ.

Оваа комедија, како што информира Театар Провокација, во последните неколку години со право може да се каже дека го освои регионот, а наградена е и со Гран при на Меѓународниот фестивал на дуодрама во Топола, Србија. Претставата освен тоа што е изведувана скоро низ сите градови во земјава, гостуваше и во Трелеборг (Шведска), Белград, Нови Сад, Шабац, Рума, Шид, Врање, Сараево, Бања Лука, Вараждин...

- Не пропуштајте ја можноста да уживате во јубилејната 50-та изведба на урнебесната комедија „Разведи ме“, која експлицитно и без цензури ги отвара темите за неверството и разводот, ставајќи ве во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено - морални вредности. Оваа 50 -та изведба е уште една потврда за достигнувањата на „Театар Провокација“, кој веќе шеста година, успешно ја испишува својата приказна, како независен театар, чија мисија е да провоцира и биде совеста на општеството во кое живееме, се вели во соопштението од Театар Провокација. мд/са/

Фото: Театар Провокација / Фотографиите се авторизирани од Џенат Дрековиќ (Сараево)

 

 

Остани поврзан