Chefs de Mission семинар во рамки на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025
- Во рамки на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 денеска и утре ќе се одржи Chefs de Mission семинар.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Во рамки на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 денеска и утре ќе се одржи Chefs de Mission семинар.
Воведни обраќања на стартот на Chefs de Mission семинарот ќе имаат Борко Ристовски, министер за спорт, Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и високи претставници на Европските олимписки комитети (ЕОК).
- Во рамки на семинарот, претставници од 49 европски олимписки комитети ќе имаат можност да се запознаат со градовите-домаќини, спортските објекти и целокупната организација и логистика на дестивалот, велат организаторите.
Chefs de Mission семинарот, додаваат, е еден од клучните моменти во подготовките за фестивалот и претставува можност да се презентираат сите аспекти на организацијата и да се разменат искуства со делегациите што ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025.
Според нив, фестивалот ќе обедини над 4.000 млади спортисти, 900 волонтери и делегации од 48 европски земји во 15 спортски дисциплини, со натпревари што ќе се одржуваат во Скопје, Куманово и Осиек. сст/бак/
Фото: ЕМОФ Скопје 2025