• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хуманитарна изведба на „Ние, луѓето“ во чест на настраданите и повредните во трагедијата во Кочани

Хуманитарна изведба на „Ние, луѓето“ во  чест на настраданите и повредните во трагедијата во Кочани

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Во Драмски театар вечер Театар Пи хуманитарно ќе ја одигра претставата „Ние, луѓето“ во чест на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани. Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје и ученици од општина Ѓорче Петров, а приходот од продажбата на билети ќе биде уплатен на хуманитарна сметка за донации.

Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, драматизација е работена по текстови на Јордан Радичков, Вилијам Голдинг и лични авторски текстови.

-„Ние,Луѓето“ се обидува да ни ја престави иднината доколку би имале шанса за чист, нов почеток. Ова е претстава за моралот, пародија, политички трактат и слатко горка визија за апокалипсата изиграна од деца, наведуваат од Театар Пи.  

Претставата е финансирана со средства од Бугарската развојна помош. мч/бак/

Фото: Театар Пи 

Остани поврзан