• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Битола проекција на македонскиот документарен филм „Градина“

Во Битола проекција на македонскиот документарен филм „Градина“

Битола, 9 април 2025 (МИА) - Во Центарот за култура во Битола вечер ќе биде приредена проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ или „Приказна за последните урбани герила градинари.“

Тимот што го подготви и сними филмот информира дека „Градина“ е посветен на последните герила градинари во Скопје кои по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување.

На културниот настан ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и кинематограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот.

Проекцијата на македонскиот документарен филм „Градина“ е закажана за 19 часот во малата сала на Центарот за култура-Битола, каде ќе се емитува и во наредните четири денови, до 12 април. мт/бак/

Фото: Центар за култура-Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан