• вторник, 12 ноември 2024

Филипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ

Филипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ

Скопје, 23 јуни 2024 

Венко Филипче својата кампања за претседател на СДСМ на внатрепартиските избори во партијата вчера ја продолжи од Битола од каде зборуваше за клучните нови тела кои ги предлага во програмата. Тој особено се задржа на Комисијата за етика и одговорност за која посочи дека е од витално значење за градење на култура на интегритет и одговорност за сите свои функционери.

„Историски гледано, партијата се соочи со случаи на несоодветно однесување на партиските функционери, често поради недостаток на ефективен надзор и внатрешна контрола. Ваквите случаи сериозно го нарушија угледот на партијата и ја поткопаа довербата на јавноста. Преку воспоставување на механизми за следење и евалуација на работењето на партиските и државните функционери, Комисијата за етика и одговорност ќе го следи имплементирање на етичкиот кодекс на СДСМ кај партиските и државните функционери. Доследно спроведување на овие етички стандарди е од витално значење за градење култура на интегритет и одговорност. Комисијата исто така ќе учествува во избор на кадри и носители на раководни позиции во партијата и во институциите. Формирањето на ваквата нова комисија е значаен чекор кон создавање подемократска, поодговорна и поефективна СДСМ“, порача Филипче.

Тој пред Битолчани исто така зборуваше и за потребата од обединување и континуираната комуникација како и формирањето на Совет на политики и стратегии којшто ќе го сочинуваат искусни политичари како и Совет на ветерани во кои учество треба да земат старите политичари кои учествувале во градењето и растењето на СДСМ.

Венко Филипче - СДСМ Внатрепартиски избори

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан