• сабота, 27 јули 2024

УЕФА подготвува промени во Лигата на шампионите

УЕФА подготвува промени во Лигата на шампионите
Лондон, 20 октомври 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација најави промени на форматот на Лигата на шампионите почнувајќи од сезоната 2024/25. Според „Телеграф“, бројот на учесници во групната фаза може да се зголеми на 36. Во моментов играат 32 екипи поделени во 8 групи по 4 екипи. Се разгледуваат неколку опции за зголемување на бројот на учесници. Првиот е да се направат шест групи со по шест екипи, а вториот е дека секоја екипа да одигра 10 натпревари со десет различни противници. Исто така, наместо класична завршница со по два натпревара (дома-гости) се до финалниот меч, во опција е воведување завршен турнир – „фајнал фор“ по примерот на кошаркарската Евролига. зс/

Остани поврзан