• вторник, 24 декември 2024

Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени

Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени

Белград, 23 ноември 2024 (МИА) - Поради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу нив и македонски автобус се излизга и удри во банкина на автопатот кај Појате, јави дописникот на МИА од Белград.

- Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета, пишува порталот Телеграф, а Инстаграм страницата 192 рс. објави фотографија од несреќата со изјави од патниците дека на тој дел од автопатот Ниш-Белград, кај Појате се возело со 30 км на час.

Српското МВР не соопштува ништо за оваа сообраќајна несреќа.

Вчера се случи сообраќајна несреќа и на автопатот Ниш-Пирот кај тунелот Банчарево. Во судирот учествуваа камион и автомобил. Обилните врнежи од снег предизвикаа колапс и на автопатот Милош Велики. Состојбата на патиштата беше критична низ Србија поради снегот којшто не престануваше да врне. об/бак/

 

Остани поврзан