• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски: Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација, многу скоро очекувам убава вест за македонската економија

Мицкоски: Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација, многу скоро очекувам убава вест за македонската економија

Тетово, 6 април 2025 (МИА) – Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија.

-Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството за финансии, и со Стејт департментот и со кабинетот на претседателот Доналад Трамп, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово. 

Ова, посочи Мицкоски, исто така, било една од темите и на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио во Брисел.

-На дневна основа работат тимови и телефонски се слушаме и разговараме. Очекувам многу скоро, денеска убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави Мицкоски. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан