• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Италија против Холандија во финалето на Дејвис купот

Италија против Холандија во финалето на Дејвис купот

Малага, 23 ноември 2024 (МИА) - Шампионот од 2023 година, репрезентацијата на Италија стигна до финалето на Дејвис купот, неофицијално светско првенство во екипен тенис за мажи што се одржува во Малага, Шпанија.

Лидерот во светскиот поредок Јаник Синер победи со 6:3, 6:4 против Алекс де Минор, а „азурите“ запишаа успех со 2:0 во полуфиналната пресметка против Австралија.

Во финалето на Дејвис купот во недела, двократниот шампион Италија ќе се соочи со Холандија.

„Портокаловите“ првпат во историјата ќе играат за титулата. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан