• среда, 25 декември 2024

Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал

Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал

Барселона, 23 ноември 2024 (МИА) - Шпанската полиција уапси три лица за малтретирање на расистичка основа на Ламин Јамал и Рафиња за време на „Ел Класико“ во октомври.

Се вели дека приведените дале „дискриминаторски изрази“, а исто така и „гестикулации кои имитираат примати“ насочени кон двајцата играчи на Барса.

По темелно прегледување на снимките, полицијата ги уапси тројцата во средината на ноември.

Инцидентите се случија откако Јамал постигна гол за 0:3 и го прослави својот гол заедно со Рафиња.

Фановите беа идентификувани преку низа споделени слики. Реал Мадрид најави мерки против овие навивачи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан