• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Димитријевиќ ќе настапи на утрешниот натпревар против Литванија

Димитријевиќ ќе настапи на утрешниот натпревар против Литванија

Клаипеда, 23 ноември 2024 (МИА) - Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре, од 18.30 часот ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите од групата „Х“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

На тимот му се приклучи и Ненад Димитријевиќ кој ќе настапи на утрешниот натпревар. Плејмејкерот на Олимпија Милано синоќа, одвоено од репрезентативците, пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи.

Според планот, нашата најдобра селекција ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, во периодот од 10:30 до 11:30 часот. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан