• недела, 24 ноември 2024

УЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувања

УЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувања

Нион, 25 април 2023 (МИА) – На италијанскиот фудбалски великан Јувентус во јануари му беа одземени 15 бода во Серија А поради финансиски малверзации. Бодовите му беа вратени на клубот во април. Сега има ново судење. Федералниот апелационен суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) мора повторно да го разгледа случајот. Според „La Gazzetta dello Sport“, УЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувања доколку не се донесе конечна одлука за овој случај во наредните месеци. Периодот на дисквалификација може да биде најмалку една година. Евентуална победа во Лига Европа нема да придонесе за укинување на суспензијата, но ќе помогне да се избегне подолга суспензија.

 

Доколку одлуката за суспензија биде донесена, а „бјанконерите“ не се пласираат во еврокуповите, тогаш суспензијата ќе биде одложена за првата сезоната кога Јувентус ќе се квалификува за европските натпреварувања.

 

УЕФА треба да подготви списоци за следните натпреварувања во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига по финалето на Лигата на шампионите во 2023 година на 10 јуни. На Јувентус може да му се даде дополнително време да аплицира - до крајот на јули или почетокот на август.

 

Европската фудбалска асоцијација води паралелна истрага за финансиската измама на Јувентус. Синдикатот ги добил сите документи од обвинителството на Торино и ги проучува судските документи. УЕФА се надева дека пресудата на ФИГЦ за овој случај ќе биде објавена пред крајот на јуни.

 

Доколку не се донесе одлука пред почетокот на новата сезона во европските купови, тогаш прашањето за настапот на Јувентус на меѓународните турнири ќе го разгледува Комисијата за фер плеј на УЕФА. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан