• вторник, 12 ноември 2024

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“  е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан