Струмица Никоб продолжува во Купот на ЦЕВ
- Одбојкарите на Струмица Никоб ги продолжуваат европските настапи во Купот на ЦЕВ. Синоќа не успееја во вториот натпревар од Лигата на шампионите на ЦЕВ против холандскиот шампион Динамо Апелд
Струмица, 28 септември 2022 (МИА) - Одбојкарите на Струмица Никоб ги продолжуваат европските настапи во Купот на ЦЕВ. Синоќа не успееја во вториот натпревар од Лигата на шампионите на ЦЕВ против холандскиот шампион Динамо Апелдорн да обезбедат пласман во второто коло, иако ја анулираа предноста од првиот меч, но не успееја да го освојат„златниот сет“ и да продолжат понатаму.
- Покажавме дека имаме екипа за високи дострели. Успеавме да направиме пресврт по водството на гостите од 1:0 во сетови и да поведеме со 3:1. Сепак, во петтиот, „златен сет“, направивме повеќе грешки, а клучно беше при резултат 9:9 кога гостите поведоа со 11:9, што беше решавачко. Се надевам дека во следните настапи во Купот на ЦЕВ ќе ги оправдаме очекувањата и резултатски многу подобро ќе поминеме, изјави тренерот на Струмица Никоб, Кирил Ричлиев.
На 14 октомври, во рамки на Купот на ЦЕВ, струмичани ја пречекуваат екипата на Мурсија од Осиек, Хрватска,а реваншот е седум дена подоцна. рт/зс/