• среда, 11 февруари 2026

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра

Скопје, 10 февруари 2026 (МИА) - Со блокада на Собранието утрово почнаа блокадите што ќе ги реализира ССМ во следниве денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.  

Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието.  

Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати. бак/паг/ 

Фото: МИА

 

Остани поврзан