• четврток, 12 февруари 2026

Пешевска: Го повикувам Клубот на пратенички, жените од СДСМ и од сите партии да застанеме заеднички против навредливиот говор кон жените

Пешевска: Го повикувам Клубот на пратенички, жените од СДСМ и од сите партии да застанеме заеднички против навредливиот говор кон жените

11 февруари 2026

Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!, вели  Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, во објава на Фејсбук споделена од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува интегрално. 

Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината.

Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит!

Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.

Тоа не смееме да го нормализираме!

Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција.

Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор.

Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас.

Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост!

https://www.facebook.com/share/1AoZ2hn7M7/

фото: Фејсбук Жаклина Пешевска 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан