• четврток, 12 февруари 2026
МИА Најави МКД

12 февруари 2026

Скопје - Садула Изари, член на Судскиот совет, ќе дадe свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Собрание, Охридска сала/9:30)

Скопје - Промоција на курикулум за истражувачко новинарство по предметот Граѓанско образование. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/13:00)

Скопје - Конститутивна седница на Националното собрание на млади. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник  на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, Општина Карпош, при што е предвидена изјава за медиуми. (10:00

Брисел - Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.

Скопје - Осумнаесетта сесија на Работната група 3 - Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Европски стандарди за дисциплински и изборни механизми во правосудството како клучен елемент на владеењето на правото“ во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници/9:30)

Скопје - Институтот за национална историја го организира дванаесеттиот студиски ден, на кој ќе биде презентирана темата „Правото во доцноосманлиската империја“, во излагање на доц. д-р Борче Николов. (Институт за национална историја, голема сала/12:00)

Скопје -  Амбасадата на Грција во државава организира настан по повод Меѓународниот ден на грчкиот јазик и повторното објавување на Изборот од поезијата на грчки поет Константинос Кавафис. (Јавна соба/18:00) 

Скопје - Изјава на градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами по повод промоција на бесплатен јавен превоз за граѓаните. (пред Универзитет на Југоисточна Европа/11:00

Скопје - Изведба на театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско. (Албански театар/20:00)

Скопје - Концерт на Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените и виното насловен „Бакнеж во Париз“. (Филхармонија/20:00)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан