Конститутивна седница на Националното собрание на млади
- Во Собранието денеска ќе се одржи Конститутивна седница на Националното собрание на млади, согласно член 11 од Законот за младинско учество и младински политики.
Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи Конститутивна седница на Националното собрание на млади, согласно член 11 од Законот за младинско учество и младински политики.
Како што информираат од обраниката прес-служба, по отворањето на седница и усвојување на дневниот ред ќе следи дискусија и усвојување на деловник за начин на работа и одлучување на Националното собрание на млади. Потоа, ќе се избере претседавач на Националното собрание на млади.
Во рамко на седницата ќе се усвојат работните тела на Националното собрание на млади и одлуката за објавување на повик за избор на младински претставници во Националното советодавно тело за младински политики, дефинирање на динамика за работа на Собранието и ќе се изберат претставници во координативно тело за свикување и организирање на наредната седница на Националното собрание на млади. фф/са/
Фото: МИА Архива