Промоција на Курикулум за истражувачко новинарство по предметот граѓанско образование
- Во Собранието денеска ќе биде промовиран Курикулум за истражувачко новинарство по предметот граѓанско образование.
Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе биде промовиран Курикулум за истражувачко новинарство по предметот граѓанско образование.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на промоцијата воведни обраќања ќе имаат претседатѕелот на Собранието Африм Гаши, претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт Иванка Василевска, министерката за образование и наука Весна Јаневска и амбасадорото на Швајцарија Кристофер Зомер.
Курикулумот за истражувачко новинарство по предметот граѓанско образование ќе го престават Виктор Новаковски - надворешен експерт, Томе Гушев - раководител на Одделение за едукација и комуникација, Парламентарен институт и Соња Стаменковска - советник во Одделение за едукација и комуникација, Парламентарен институт.
На крајот на настанот ќе бидат доделени сертификати. фф/са/
Фото: МИА Архива