• четврток, 12 февруари 2026

Приведен скопјанец, украл бакарни кабли вредни 200 000 евра

Приведен скопјанец, украл бакарни кабли вредни 200 000 евра

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. Случајот, како што информираат од МВР е пријавен вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, по што е лишено едно лице, вработено како обезбедување во објектот. 

По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот, информираат од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава. аа/лв/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан