ССМ во среда излегува на протест за поголеми плати
- - Време е заедно да се избориме за достоинствени плати заедно со работниците. Ги повикуваме сите работници на кои не им биле зголемени платите, сите работници кои се чудат како да го врзат крај со крај во месецот, работниците кои ги лажеле газдите дека ќе им ги зголемат платите, да ни се придужат на улица затоа што тие до 31 декември не се договорија да ги зголемат работничките плати и да го унапредат работничкиот стандард. Ги повикуваме работниците затоа што прагот на сиромаштија е 31.200 во Македонија, а 33 проценти од 540 илјади работници живеат под прагот на сиромаштија односно одат на работа, а се сиромашни, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по денешната заедничка седница на највисоките органи на ССМ на која едногласно беше донесена одлуката на протест.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.