СДСМ: ВМРО - ЗНАМ против работниците - одбија законот за 600 евра плата да биде на дневен ред
- Пратениците од тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
11 февруари 2026
Пратениците од тендер-коалицијата ВМРО - ЗНАМ на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата на 31 јануари, со што во согласност со Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната седницата.
Додека работниците протестираа пред македонското Собрание, внатре во собраниската сала беа понижени од пратениците на тендер-коалиција ВМРО - ЗНАМ
Затоа во знак на протест пратениците на СДСМ ја науштија седницата.
Барањата на претставниците на Сојузот на синдикатите за зголемување на минималната плата на 600 евра или 36.960 денари се реални и издржани. Во буџетот има пари, само со пренамена на две категории се обезбедуваат 200 милиони евра, доволно да им се излезе во пресрет на работниците.
Но, Владата на тендер-коалицијата ВМРО - ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците.
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, а минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста