• вторник, 12 ноември 2024

Реакција од МЗШВ на соопштението од СДСМ за откупните цени на винското грозје

Реакција од МЗШВ на соопштението од СДСМ за откупните цени на винското грозје

Скопје, 7 август 2024

Лозарите со претходната Влада на СДСМ беа оставени сами на себе и понижени со ниската откупна цена.

Затоа го прашуваме СДСМ зошто од април месец кога е донесен Законот, Министерството не ја донело Методологија и избрало научна институција за пресметување на цената.

Ако СДСМ навистина сакале да им помогнат на македонските лозари немало да ги уништат со толку ниски откупни цени.

Минатата година таа изнесуваше 12-13 денари по килограм предадена „Смедеревка“ и 15-17 денари, а по килограм предаден „Вранец“, додека пак изминатите години беше уште пониска.

Лозарите Владата на СДСМ ќе ја паметат во тоталното безредие.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партнер на лозарите со тоа што производната цена на двете најзастапени вински сорти која што согласно Законот за вино е зголемена за 25% како добивка на лозарите, и Вранецот за килограм изнесува 20,8 денари, а килограм Смедеревка изнесува 18,3 денари.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан