• вторник, 12 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска од СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска од СДСМ

21 јули 2024 

Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер, нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво

Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓудругото и за летови до Ниш.

Ваквата искористеност на владиниот авион сега допринесе за сервис кој чини 1 милион евра кои ќе биде платен од буџетот на граѓаните.

Воедно да не се заборави дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер.

СДС повторно покажува дека нема никаква визија или идеја за иднината на Македонија. Нивните празни зборови и бесмислени обвинувања не можат да ја прикријат нивната неспособност и корупција. Заради вакввиот однос на СДС како oвој оваа партија доживеа истприски пораз и забрзано тоне кон целосна нерелевантност.

Во периодот кога тие беа на власт, Македонија беше сведок на невидена економска стагнација, масовно иселување на младите и континуирани скандали.

Што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, тие се далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт. Не само што нивните трошоци беа целосно непродуктивни.

Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво.

СДС е партија на минатото, партија која го загуби контактот со реалноста и потребите на граѓаните. Наместо да критикуваат, нека понудат конкретни решенија за проблемите кои самите ги создадоа. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нашите ветувања и продолжува да работи за иднината на Македонија.

Најдобриот одговор на нивната демагогија е нашата посветена работа и резултатите кои ги постигнуваме. СДС може да продолжи со своите празни напади, но граѓаните веќе ги препознаваат и знаат кој вистински работи за нив.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за подобра Македонија, за нашите деца и за идните генерации.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан