Пукање со огнено оружје од возило кое предводело колона возила од свадбена веселба
- Во Одделението за внатрешни работи во Дебар, вчера, било пријавено пукање со огнено оружје од возило кое било на чело на колона возила од свадбена веселба, информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи – Охрид, Стефан Димоски.
Дебар, 6 август 2024 (МИА) – Во Одделението за внатрешни работи во Дебар, вчера, било пријавено пукање со огнено оружје од возило кое било на чело на колона возила од свадбена веселба, информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи – Охрид, Стефан Димоски.
– Синоќа во 20.10 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар беше пријавено дека на улица „Иса Болетини“ во Дебар, од возило кое било на чело на колона возила од свадбена веселба било пукано од огнено оружје, соопштува Димоски.
Додава дека екипа на ОВР Дебар извршила увид на местото, при што пронашла и подигнала чаури од пиштол.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додава Димоски. вт/ра
Фото: МИА архива