МВР Билтен
- СООПШТЕНИЕ - Денеска (08.11.2024) во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(51) од Скопје пријавил дека околу 06.00 часот од домот во с.Јурумлери, скопско, се оддалечила неговата сопруга Л.Т.(43). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
8 ноември 2024
Денеска (08.11.2024) во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(51) од Скопје пријавил дека околу 06.00 часот од домот во с.Јурумлери, скопско, се оддалечила неговата сопруга Л.Т.(43). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во возило „фоксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал пријавениот, извршен кај кичевското село Трапчин Дол, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и кокаин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.А.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. При контрола и преглед кај пријавениот, извршен во ноќен клуб во Охрид, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа пакување со кокаин, наменет за И.А.(32) од Скопје.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Љ.Ф.(30) од дебарско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.10.2024, тој во семејната куќа во селото физички нападнал членови на неговото семејство.
На 07.11.2024 околу 15.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Р.(62) од Скопје. На граничниот премин тој допатувал со патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки во кое сопатник бил А.В.(31), кој на увид приложил германска возачка дозвола и немал друг документ за идентификација. По преземени мерки и извршени проверки било утврдено дека А.В. илегално престојувал во државата и на Г.Р. му дал пари да го превезе до Република Грција. За настанот бил запознаен надлежен јавен обвинител, додека А.В. бил пренесен во прифатен центар за странци во Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (08.11.2024) во Полициската станица Чаир, во присуство на родители, бил извршен службен разговор со двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.11.2024 околу 18.40 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички нападнале други двајца малолетници од Скопје, при што употребиле остар предмет и им нанеле тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (08.11.2024) вo 02.40 часот во Скопје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Д.Е.М.Џ.(39) од Велика Британија затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, М.А.(57) од Струмица пријавил дека во канцеларија од фирма на подрачјето на Гази Баба, по претходно нерасчистени должничко - доверителски односи, бил физички нападнат од Р.Р.(53) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.11.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, А.Г.(78) од Скопје пријавила дека околу 11.45 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2024 во 23.55 часот во Скопје, во казино на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле А.Ќ.(33) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.11.2024 во 13.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот во место викано Ристово трло одзел домашни животни. М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 07.11.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Ќ.(23) од битолско село, постапувајќи по претходна пријава дека во населба „Ушици“ во Битола допирал по телото 30-годишна жена од Битола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.11.2024 во 02.00 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена од Битола пријавила дека нејзината малолетна ќерка, додека било на гости кај нејзината тетка во Прилеп, била допирана по телото од нејзиниот тетин. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 07.11.2024 во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 07.11.2024 во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 07.11.2024 во 08.50 часот во СВР Штип, М.В.(71) од Штип пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Г.М.(35). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.11.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Велес, М.А.(79) од село Мелница општина Чашка, пријавил дека на улица „Никола Карев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 07.11.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Велес, Љ.З.(84) од Велес пријавил дека на улица „Борис Трајковски“ во Велес бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 01.09.2024, пријавениот упатувал закани на неговиот чичко, а оштетил и дел од покуќнината.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Џ.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.10.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал Р.М. од Тетово и ну нанел тешки телесни повреди.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 30.08.2024, пријавениот физички ги нападнал неговите мајка и сестра.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ц.(59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 11.08.2024, пријавениот физички ги нападнал неговите сопруга и внука.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(28) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие“ и „злоупотреба на платежна картичка“. На 12.08.2024, нејзиниот татко пријавил дека при проверка на својата трансакциска сметка во банка, вработен во банката го информирал дека на неговата трансакциска сметка има 25.590 денари, иако требало да има 720.000 денари. Од доставениот извештај од банката била утврдена злоупотреба на неговата платежна картичка во периодот од 12.08.2023 до 03.01.2024, каде преку апликација, парични средства биле префрлени на социјална мрежа од страна на пријавената, која ги знаела неговите податоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против З.Л.(37) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“. Пријавениот ги прекршил изречените мерки за привремена заштита од семејно насилство и на 01.11.2024 отишол пред зградата во која живеат неговите две малолетни деца со неговата сопруга и ја следел.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.06.2023, полициски службеници извршиле преглед над Н.А. од Кочани, при што бил пронајден хероин, кој го купила од пријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ј.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.11.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.02.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против О.Н.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот во Кавадарци, при што била пронајдена и одзмена марихуана, додека во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, МДМА и таблети.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Љ.Ф.(30) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.10.2024 во домот во дебарско село, пријавениот физички ги нападнал неговите мајка и брат.
ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ по член 144-а став 1 од Кривичниот законик. По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41- годишен вработен како началник во ОВР Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца. Имено, пријавениот, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во централното градско подрачје на општина Неготино, скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видео клипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот. Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата.
На 07.11.2024 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Фото: МИА архива