Лазов како освојувач на сребро на Олимпијада добитник на Осмоноемвриска награда во Неготино
- Тони Лазов, освојувач на сребро на Олимпијада, е добитник на Осмоноемвриска награда во Неготино. Наградата му беше доделена денеска во рамките на одбележувањето на осум децении од ослободувањето на градот.
Неготино, 8 ноември 2024 (МИА) - Тони Лазов, освојувач на сребро на Олимпијада, е добитник на Осмоноемвриска награда во Неготино. Наградата му беше доделена денеска во рамките на одбележувањето на осум децении од ослободувањето на градот.
- Наградата се доделува за извонредните резултати што ги постигна на шаховската табла на многубројните натпреварувања во земјата и странство. Врв на неговите успеси беше освојувањето на сребрен медал на шаховската Олимпијада како претставник на шаховската репрезентација на Македонија, беше кажано на денешниот настан посветен на градот.
Беа доделени и признанија и тоа на ДПД Повардарец, д-р Јордан Петров, постхумно на д-р Јован Димковски, Тодор Кузманов, ООУ Страшо Пинџур, Ванчо Мојсов и Ротари клубот од Неготино.
- Како градоначалник на општина Неготино во знак на благодарност за огромниот и несебичен придонес при гаснењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна, на претставниците на повеќе територијални противпожарни единици и доброволни противпожарни друштва, им врачив благодарници од Општина Неготино за нивниот ангажман при гаснењето и ставањето под контрола на пожарот, рече градоначалникот Горан Стојанов.
Имајќи предвид дека летово пожари имаше и на Армискиот полигон Криволак, истакна тој, со одлука на началникот на генералштабот на АРМ, претставници на армијата, на учесниците во гаснењето на пожарите, им доделија сребрени значки и благодарници во знак на благодарност за нивниот ангажман. свд/са/
Фото: Општина Неготино