Штип го одбележува Денот на ослободувањето
- По повод Денот на ослободувањето на Штип денеска на свечена седница на Советот на Општината беа доделени Осмоноемвриските признанија на 12 граѓани и Здруженија за исклучителен придонес и развој на градот.
Штип, 8 ноември 2024 (МИА) - По повод Денот на ослободувањето на Штип денеска на свечена седница на Советот на Општината беа доделени Осмоноемвриските признанија на 12 граѓани и Здруженија за исклучителен придонес и развој на градот. Пилотите Методка Стојанов, Драган Јовановски, Здружение за социјална инклузија, Стојан Арсов, Марија и Стојан Димкови, Иван Костевски, Виктор Велинов, Кирил Кузманов, Јасмина Чанева Лазовска, Методи Хаџи Јанев, Ликовно студио колорис Штип, Мишко Џидров ги добија највисоките признанија на Општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека Општина Штип има задача да работи и да го испорачува резултатот, кои граѓаните го очекуваат. Вели дека изградбата на нови спортски терени, уредување на нови паркови, развој во образованието, културата и спортот претставуваат активности на кои интезивно се работеше во изминатите три години.
-Како одговорна самоуправа имаме задача да работиме деноноќно и да го испорачаме резултатот, кои граѓаните го очекуваат од нас, а асфалтирањето на улиците, промената на водоводната и канализациона мрежа. Изградбата на нови спортски терени, уредување на нови паркови содржини, развојот во образованието, културата и спортот претставуваат активности на кои интезивно работиме во изминатите три години,, истакна Јорданов.
Инаку, доделувањето на признанијата за исклучителен придонес за развој на градот градот се доделуваат секоја година, а истите имаат за цел да ги истакнат најдобрите. Осмоноемвриската награда се доделува на секои пет години.
Во Штип денеска се одржаа и традиционалните 23. Митровденски средби, на коишто беа промовирани новите доктори на науки, кои докторирале во изминатата година. Адријана Хаџи-Николова, Емилија Рамбабова, Верица Тонева-Стојменова, Сандра Атанасова, Драгана Папарова, Наташа Мирославева и Мила Митрева докторители во областа на филолошките, стоматолошките, информациски, правни и економски науки меѓу двата Митровдени. вдј/
Фото: МИА