• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Зорица Костовска, основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Зорица Костовска, основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Зорица Костовска, филмски продуцент, режисер, сценарист, новинар, теолог и основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“.

На средбата на која присуствуваа и македонскиот режисер Стојан Вујичиќ и српскиот продуцент од Будимпешта Милан Кичевац, Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните заложби за промовирање на културните и духовните вредности, како и за нивната идеја за изработка на филм посветен на Свети Наум, како заеднички проект на Македонија, Србија и Унгарија, соопшти кабинетот на претседателката.

Сиљановска Давкова изрази поддршка за нивниот ентузијазам за збогатување на културниот пејзаж, преку промовирање на култот кон Свети Наум, заедничкото наследство и хуманоста.са/лв/

Фото: кабинет на Сиљановска Давкова 

Остани поврзан