• вторник, 24 декември 2024

Поддршка од УНОПС за Северна Македонија во борбата со корупцијата

Поддршка од УНОПС за Северна Македонија во борбата со корупцијата

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во рамки на официјалната посета во Брисел денеска се сретнал со Маријакармен Колити, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) со седиште во Брисел. 

-На средбата беше потврдена подготвеноста на УНОПС да даде постојана поддршка на Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес. Двете страни се согласија дека во фокусот на идната соработка треба да биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, соопшти Кабинетот ан Фетаи. хс/

Фото: Кабинет на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење

Остани поврзан