• вторник, 01 октомври 2024

Приведен крадец во Куманово

Приведен крадец во Куманово

Скопје, 3 август 2024 (МИА) - Полициски службеници денеска го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што на автобуска постојка во селото Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од Пезово одзеле пари и го напуштиле местото на настанот со патничко возило „форд галакси“.

Како што соопштија од МВР, патничкото возило е со кумановски регистарски ознаки, кое на 2 август 2024 околу 16.30 часот го одзеле пред викенд куќа во селото Скачковце, кумановско, сопственост на Ј.М.(47) од Куманово.

-Возилото и дел од одземените предмети се вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, потенцираат од МВР. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан